Повеќе од 147 милиони луѓе ширум светот заразени со коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Најмалку 3.122.150 луѓе починале од коронавирус во светот, додека над 147.736.620 се заразени, според агенцијата „Франс прес“.

Во споредба со вчера, уште 10.840 лица починаа во светот, а има 715.609 новозаразени.

САД се најтешко погодени според бројот на смртни случаи и бројот на заразени со 572.674 жртви и 32.125.098 заразени, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс.

После Соединетите држави, најтешко е погоден Бразил со 391.936 жртви и 14.369.423 заразени, Мексико со 215.113 смртни случаи (2.329.534 инфицирани), Индија со 197.894 смртни случаи (17.636.307 заразени) и Велика Британија со 127,434 смртни случаи (4.406.946 заразени).

Слични содржини