
Бројот на загинати од коронавирус во Соединетите Американски држави надмина 150.000, што е најмногу во светот, покажуваат податоците на Ројтерс.
Исто така, според тие податоци, бројот на смртни случаи во САД сочинува скоро 23 проценти од вкупниот број жртви во светот, од кои има повеќе од 660.000.
Од 20 земји со најголем број заразени, Соединетите држави се наоѓаат на шестото место по бројот на смртни случаи по глава на жител, со 4,5 смртни случаи на 10 000 луѓе.
Само Велика Британија, Шпанија, Италија, Перу и Чиле имаат повисоки стапки на смртност по глава на жител, покажуваат податоците на Ројтерс.