Повеќе од 20.000 починати од коронавирус во Франција

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Бројот на загинати од коронавирус во Франција денес се искачи на 20.265, што ја прави земјата четврта во светот, по Италија, Шпанија и САД, со повеќе од 20.000 мртви.

Според „Worldometers“, во изминатите 24 часа во Франција починале 547 луѓе.

Ова е значително зголемување на бројот на загинати во однос на неделата, кога 395 лица беа пријавени за мртви.

Во Франција, во текот на изминатите 24 часа биле заразени уште 2.489 лица, со што вкупниот број на пациенти е 155.383.

Сепак, според Ројтерс, бројот на лица во интензивна нега се намалил за 12 дена по ред, што може да укаже на тоа дека мерките за карантин, воведени пред еден месец, имаат позитивен ефект врз потиснување на вирусот.

Министерот за јавно здравје на Франција, Жером Саломон, на прес-конференција изјави дека бројот на починати се зголемил за 2,8 отсто, во однос на цифрата во неделата од два отсто.