Повеќе од 20 проценти од затворениците во казнено-поправните установи се зависници од дрога

од Берта Китинска

Според извештајот на Народниот правобранител – Национален превентивен механизам, 476 затвореници од вкупниот број од 2118 (затвор-притвор), затвореници страдаат од нарушувања предизвикани од употребата на дрога.

Народниот правобранител Насер Зибери, денеска при објавување на Извештајот истакна дека во овие бројки не се опфатени затворениците/притворените кои употребуваат дроги, а кои одбиваат да се лекуват. Тој исто нагласи дека „оваа категорија на затвореници се маргинализрани, стигматизирани и оставени без неопходна здравствена и медицинска заштита“.

– Сериозно е загрижувачка состојба во затворот Куманово каде што 35,5 проценти од осудените лица и 65 проценти од вкупниот број на притворени се лица со нарушувања предизвикани од употребата на дрога. Во составот на медицинскиот персонал во овој затвор редовно е ангажиран еден медицински техничар, а само два пати неделно или по потреба доаѓа општ лекар од Итната медицинска помош, изјави Зибери.

Слични содржини