Повеќе од 200 обвинети за насилство и упад во Капитол, истрага против уште 400 лица

од Stefanija Kuzmanovska
406 прегледи

Федералното правосудство на САД обвини повеќе од 150 лица за вмешаност во насилствата во Капитол во Вашингтон на 6 јануари, беше објавено во вторникот. Други 50 лица се обвинети пред локалните судови во главниот град на САД, изјави пред новинарите федералниот обвинител Мајкл Шервин.

Овие бројки се очекува да се зголемат бидејќи истражителите продолжуваат да собираат информации за околу 400 учесници во таканаречениот обид за државен удар, затоа што целта на нападот на поддржувачите на сега веќе поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Конгресот било да се спречи потврда на изборот на новиот шеф на државата, Џозеф Бајден.

„За да започне постапката брзо, судовите најпрво прифатија едноставни обвиненија, како што се упад или нелегално носење оружје, но некои обвиненија, вклучително и насилство против полицајци, се додадени на некои досиеја, а на некои обвинети им се заканува казна затвор од 20 години“, рече Шервин.

Пет лица ги загубија своите животи за време на нападот на американскиот Конгрес, вклучувајќи и еден полицаец кој беше убиен од демонстранти и една демонстрантка која беше убиена од полицаец.

Слични содржини