Повеќе од 24 милиони луѓе се излечиле од коронавирус ширум светот

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Повеќе од 24 милиони луѓе се опоравиле од коронавирус во светот, покажуваат податоците на страницата Worldometers. Најмногу заразени и мртви има во САД.

Според веб-страницата, досега се излечиле 24.074.694 лица од светот од коронавирус, од вкупно 32.643.232 заразени.

Загинаа 990.778 луѓе.

Најмногу заразени и мртви има во САД, каде повеќе од 7,2 милиони луѓе заболеле од коронавирус, додека 207.923 лица починале.

На второ место е Индија со повеќе од 5,8 милиони заразени, а на трето е Бразил со повеќе од 4,6 милиони заразени.

Во Индија имало 93.374 смртни случаи и во Бразил 140.040 смртни случаи.