Повеќе од 3.300 апликации за Android собираат нелегални информации за децата

од Vladimir Zorba
273 прегледи

Една нова студија покажа дека 3.337 семејно ориентирани и пријателски кон деца апликации за Android во Google Play собираат податоци за малите корисници. Ова, пак, е во спротивност со американските закони кои забрануваат такво нешто за лица под 13 години. Научниците прецизираат дека апликациите кои биле во грубо прекршување на секакви норми, биле малку, а останатите покажале однесување кое може да се толкува како сомнително.

Во студијата се вклучени вкупно 5.855 апликации. Од нив, 281 собираат информации за контакт или локација без дозвола од родителите на детето. Други 1.100 пак споделуваат информации за корисниците со трети страни, а 2.281 ги прекршувале правилата на Google, кои забрануваат на апликациите да споделуваат идентификациски информации за рекламното ID во Android.

Над 40% од апликациите предавале информации, без да користат доволно мерки за безбедност, а цели 92% од програмите кои користеле некаква врска со Facebook, не правеле проверки за ограничување на потрошувачката од лица на возраст под 13 години. Според научниците, повеќето од овие апликации се движат на работ на законот, а властите треба да проценат каде има нарушувања и да преземат соодветни мерки. За сега, не е јасно и до кој степен овој проблем е ограничен на Android, бидејќи студијата не вклучува iOS апликации.

Слични содржини