Повеќе од 30% од одбранбениот буџет се користи за модернизација на Армијата

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска изјави дека одбранбениот буџет изминатите години расте и дека тој тренд и понатаму ќе продолжи.

„Повеќе од 30% од одбранбениот буџет се користи за модернизација на Армијата. Одбранбениот буџет расте и тој правилно се користи – не само за плати и придонеси на вработените, туку и за модернизацијата на Армијата, нови вложувања и зајакнување на човечките ресурси”, рече Петровска.

Покрај зголемениот буџет и процесите на модернизација и опремување, министерка Петровска потенцираше дека со новите измени и дополнувања на Законот за служба во Армијата се придонесува да имаме доволно мотивирана Армија, која е секогаш подготвена за справување со предизвиците на национално ниво.

Слични содржини