Повеќе од 300 милиони дози вакцина против Ковид-19 биле искористени до неделата во САД, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Околу 63,5 проценти од сите возрасни лица во земјата примиле барем прва доза на вакцина против коронавирус, додека повеќе од 52 проценти од оние над 18 години биле целосно вакцинирани, според ЦДЦ.
Американскиот претседател Џо Бајден во мај изјави дека неговата администрација планира да вакцинира 70 проценти од возрасните со најмалку една доза од вакцината против Ковид-19 до 4 јули, кога се слави Денот на независноста.
Во групата со повисок ризик на луѓе на возраст од 65 години и постари, 86,3 проценти ја примиле првата доза, а 75,5 проценти биле целосно вакцинирани.
Од почетокот на вакцинацијата во средината на декември, вкупно повеќе од 301 милиони дози се дистрибуирани во САД, каде што живеат 330 милиони жители.
Според ЦДЦ, САД регистрирале само 11.134 нови случаи на инфекција на 6 јуни, додека 354 луѓе починале. Од почетокот на пандемијата, земјата забележа најголем број на заразени во светот од 33,1 милиони и повеќе од 594 000 смртни случаи.