Повеќе од 50.000 смртни случаи од коронавирус во Италија

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Италија, првата земја во Европа погодена од епидемијата на коронавирус минатата пролет, го надмина прагот на 50.000 смртни случаи од Ковид-19, соопштија властите.

Во таа земја, во последните 24 часа починале 630 лица, така што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 50.453.

Италијанските власти наведуваат дека од 1 септември починале 15.000 луѓе, додека вкупно се заразени над 1,4 милиони.