Повеќе од 50 милиони луѓе се заразени со коронавирус ширум светот

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Вкупниот број на заразени со коронавирус во светот вечерва надмина 50 милиони, покажуваат податоците на веб-страницата на „Worldometers“.

Во исто време, 1,25 милиони луѓе починаа како резултат на „Ковид 19“.

Од почетокот на пандемијата, опоравени се 35,48 милиони луѓе.

Во моментов има околу 13,3 милиони активни случаи ширум светот.

Најголем број на заразени сè уште има во САД, повеќе од 10 милиони, а повеќе од 243.000 починале.

Следи Индија со 8,5 милиони заразени и 126.134 мртви, Бразил со 5,6 милиони заразени и 162 053 мртви.