Повеќе од 6.000 причини зошто никогаш повеќе да не запалите цигара

од Stefanija Kuzmanovska
385 прегледи

Пушењето цигари претставува една од најопасната навика кај човекот, која е штетна по неговото здравје. Цигарите предизвикуваат болести на непцата и забите, хронична белодробна болест, импотенција и неплодност, а исто така го зголемуваат и ризикот од рак на белите дробови, на бубрезите, мочниот меур и матката. Тие оставаат последици не само врз активните пушачи, туку и врз оние лица кои не ги консумираат, а се наоѓаат во иста просторија со пушачите.

Покрај тоа што цигарите се смртоносни по здравјето на секоја индивидуа, тие се опасни и за квалитетот на воздухот кој го вдишуваме, но и за животната средина. Зголемените температури во летниот период и невниманието од страна на човечкиот фактор фрлајќи неизгасени цигари се причина за најчестите шумски пожари кои ја загадуваат природата и го доведуваат во ризик животот на луѓето.

Чадот од тутунот, освен што го загадува воздухот, исто така преку согорувањето ослободува повеќе од 6.000 материи пришто предизвикува канцерогени заболувања. Истражувањата кои постојано се спроведуваат покажале дека никотинот не е примарниот причинител за болестите кои настануваат при пушењето, туку чадот од тутунот. Токму затоа, лекарите во последните 10 години интензивно работеа на менување на оваа штетна навика со подобар алтернативен производ кој е помалку опасен и е во согласност со унапредувањето на јавното здравје.

Уредот кој го загрева тутунот, а не го согорува е нова технологија, која е значително подобра за разлика од традиционалните цигари. Електронскиот уред не создава чад кој е полн со штетни соединенија, туку само го загрева тутунот на максимална температура до 350 степени, со што го ослободува вистинскиот вкус на тутунот. Предност кај овие уреди е што имаат помалку непријатен мирис, нема чад и пепел.

Постојат повеќе од 6.000 причини зошто никогаш повеќе да не запалите цигара. Но, единствениот начин за оние возрасни пушачи кои сакаат да продолжат да пушат, а да не го доведат во поголем ризик и да го сочуваат сопственото здравје е да почнат да ги користат електронските уреди.

Слични содржини