Повеќе од 7.000 луѓе заразени со коронавирус во последните 24 часа во Франција

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Во Франција 7.183 лица се заразени со коронавирус во последните 24 часа, објави управата за јавно здравје во неделата вечерта.

Во таа земја, повеќе од 10.000 луѓе беа заразени со коронавирус во саботата, но во недела, бројот на заразени е обично помал поради викендот.

Бројот на пациенти на реанимација е зголемен во последните седум дена за 427 хоспитализации.

Во Франција починале 30.916 луѓе од почетокот на епидемијата на коронавирус пред шест месеци.

Слични содржини