Повеќе од еден милион луѓе се ревакцинирани во Србија

од Nikola Popovski
309 прегледи

Во Србија, 1.435.000 лица ја примиле првата доза на вакцина за коронавирус, а 1.017.000 лица биле ревакцинирани, соопштил државниот секретар на Министерството за здравство, Мирсад Џерлек.

Србија ќе добие милиони дози вакцини во април, поточно Фајзер, Спутник V, Синофарм, како и вакцини од програмата Ковакс, изјави Џерлек за РТС, пренесе Анадолија.

Тој најави и отворање на пунктови за вакцинација каде нема да биде потребен повик од вторник во уште најмалку 50 градови и ги повика граѓаните да се вакцинираат.

„Брзината и масовноста се важни.бДа не чекаме ако сакаме да одиме на одмор ова лето и да се вратиме во нормалниот живот“, додал тој.

„Проблемот не е во вакцините, туку во нас. Ќе имаме вакцини од сите производители, ќе ги има за сите што сакаат да се вакцинираат “, рекол тој.

Слични содржини