Повеќе од еден милион луѓе се вакцинирани против коронавирусот во САД.
Соединетите држави се најпогодени од пандемијата „Ковид-19“, а во тек е масовна вакцинација со употреба на две вакцини развиени од „Фајзер“ и „Бајонтек“, како и „Модерна“.
Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) соопштија дека 1.008.025 лица досега ја примиле вакцината против коронавирусот во земјата.
Вработените во здравствената заштита имаат предност при вакцинацијата во САД.
Во САД, инфекцијата со коронавирус е потврдена кај 18,77 милиони луѓе од почетокот на пандемијата, а повеќе од 332.500 луѓе починале како резултат на Ковид-19.