ПОВЕЌЕ САМОУБИСТВА ОТКОЛКУ ПОЧИНАТИ ОД КОРОНА: Една земја го собори „црниот рекорд“

од Stefanija Kuzmanovska
344 прегледи

Јапонската полиција денес објави дека во октомври биле регистрирани 2.153 самоубиства, додека досега од коронавирусот починале помалку од 2.000 лица, објави веб-страницата „Фокс њуз“.

Од почетокот на годината, во Јапонија се регистрирани 17.000 самоубиства, а експертите велат дека поради пандемијата, психичкото здравје на Јапонците е влошено поради долгорочна изолација, одвојување од членовите на семејството, невработеност и други финансиски проблеми и недостаток на структура на училиштето.

„Треба сериозно да се соочиме со реалноста“, изјави портпаролот на јапонската влада Кацунобу Като неделава, повикувајќи ги луѓето да побараат помош преку телефонските линии и социјалните мрежи.

Јапонија традиционално имаше висока стапка на самоубиства, но бројките почнаа да се намалуваат во претходните години, пред епидемијата на коронавирусот.

Слични содржини