Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска информираше дека повеќе не стигнуваат закани за бомби на мејловите на училиштата низ државата.
Спасовски појасни и дека е лоцирана групата од Иран и Русија која ги праќача лажните дојави за бомби и дека се работи на вештачење на материјалите по што ќе следи и поднесување на кривични пријави.
Тој потенцира дека истрагата ќе заврши во зависност од завршувањето на вештачењето.
-Ниту едно откривање на кривично дело не може да биде детермирано со временска рамка, ниту во минути, денови или недели. Многу е важно да имате квалитетно завршена работа и тоа што ќе го поднесете да биде поткрепено со докази, рече Спасовски како одговор на новинарско прашање.
Министерот смета дека дојавите за бомби и предизвикување на страв и нетрпеливост меѓу населението мора да биде кривично дело „тероризам“.
-Еден добар дел од овие закани, во јануари оваа година, ќе бидат затворени, додаде Спасовски.