Повеќе нема африканска чума меѓу свињите во земјава

од Nikola Popovski
242 прегледи

Моментално во земјава нема африканска чума кај свињите, информира денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

-Во државата нема ниту еден регион и општина каде што се спроведуваат заштитните и контролните мерки, односно со резултатите, кои ги добивме од примероците преземени во кланиците се негативни. Исто така, и со извршените клинички прегледи на територијата на општина Куманово, како последен регион каде што беа на сила овие мерки, како Агенција можеме да соопштиме дека во државата повеќе во ниту еден регион не се во сила мерките кои што ги спроведувавме за заштита и спречување и ширење на оваа болест, рече Бабовски.

Со ова, додаде тој, на територијата на цела држава, ќе може да се изврши репопулација на свињарските фарми, по точно дефинирани услови кои се пропишани со Правилникот за мерки и сузбивање на африканската чума.

Слични содржини