Повеќе од 40 земји побараа меѓународна истрага за смртта на Навални

од Vladimir Zorba
502 прегледи

Русија мора да дозволи „независна и транспарентна меѓународна истрага за неговата ненадејна смрт“, рече денеска амбасадорката на ЕУ, Лоте Кундсен пред Советот за човекови права на ОН, во име на 43 земји.

Властите тврдат дека тој починал од природна смрт на 16 февруари во затвор во арктичкиот регион Јамал, но сè уште не се познати околностите за неговата смрт.

По погребот, неговиот тим уште еднаш нагласи дека опозицијата, побегната во странство, ќе ја продолжи борбата против корупцијата на руските власти и политичкиот апарат на претседателот Владимир Путин.

Наследството на Навални ќе остане живо „се додека има милиони луѓе во Русија и во светот кои не се индиферентни кон тоа. Затоа не смееме да се откажеме“, порачаа тие.

На денот на погребот се одржаа настани низ целата земја, со десетици апсења.

Платформата ОВД-Инфо објави дека имало повеќе од стотина апсења во дваесет градови, меѓу кои 20 само во Новосибирск.

Слични содржини