Повеќе од сигурно е дека некои пожари се подметнати затоа што бројката е енормна, вели Ангелов

од Vladimir Zorba
12 прегледи

„Повеќе од сигурно е дека некои пожари се подметнати затоа што бројката е енормна. Дополнителен проблем прави ветерот, кој го разгорува, и за миг може да се претвори во уште поголем“. Ова утрово го изјави Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Додаде дека во изминатото деноноќие на територијата на Македонија имало три шумски пожари, од кои токму на Јасен бил најтежок за гасење.

„Од долната страна на патот, од капијата на „Јасен“ кон езерото Козјак, состојбата е многу лоша. Има густ чад и видливоста е мала, особено за леталата, па затоа не можеме да дејствуваме од воздух. На терен, покрај екипите на АРМ и МВР, има и тимови од „Јасен“ и „Национални шуми“, повеќе специјални возила и цистерни, а од вчера помагаат и пожарникари од Кавадарци со две возила,“ изјави Ангелов.

Слични содржини