Повеќе полицајци и возови за мигрантите бара Општина Гевгелија

од desk3
93 прегледи

Поголем број полициски службеници за издавање дозволи за 72-часовен престој во Македонија и зголемување на бројот возовите кои тргнуваат од железничките станици во Гевгелија и Миравци, предлага Општина Гевгелија со цел намалување на бројот на мигранти во овој град.

photo

Ова го предлага општина Гевгелија со цел намалување на бројот на мигрантите во овој град. Наскоро предлозите ќе бидат испратени до надлежните институции на разгледување.

Советот на Општина Гевгелија изрази загриженост бидејќи мигрантите по влезот во државата, престојуваат на повеќе локации во градот- на железничката и автобуската станица во Гевгелија, на околните зелени површини…

Гевгелиските советници дискутираа за безбедносните, здравствените и комуналните проблеми на жителите на Гевгелија бидејќи, според нив, бројот на мигранти се зголемува. / МИА