Повеќе секс, поголема плата

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Редовниот сексуален живот има позитивно влијание врз кариерата на човекот. Тоа го открија научниците од британскиот Универзитет Раскин.sex-book-sex-workout-14102011

Тие ги анализирале податоците на 7500 лица, споредувајќи ги нивните успеси во кариерата и редовните активности со секс. Експертите дошле до заклучок дека оние кои редовно водат љубов, имаат стабилна плата, а оние кои тоа го прават поретко, имаат ниска. Паровите кои практикуваат во креветот гимнастика два или три пати неделно, добиваат со 4,5% повеќе отколку помалку активните под покривката.

Авторот на студијата, д-р Ник Дридакис тврди дека сексуалниот живот не само што ги прави луѓето посреќни и позитивно влијае на здравствената состојба, но помага и за збогатувањето.

Кажано на обичен јазик, човекот кој е задоволен од својот интимен живот, се чувствува уверен и на работното место. Тој секогаш ќе се стреми да ја постигне поставената цел.