Мнозинството Германци не би сакале Ангела Меркел повторно да биде канцеларка, покажа истражувањето на јавното мислење.
Околу 70 отсто од испитаниците не сакаат враќање на конзервативниот политичар кој се повлече по минатогодишните избори, по 16 години како канцелар, покажа репрезентативното онлајн истражување спроведено од Институтот „Civey“ за „Funke Media Group“.
Помалку од четвртина, околу 23 отсто, би сакале повторно да ја видат Меркел на чело на најголемата европска економија, покажува истражувањето..
Сепак, околу 43 отсто од анкетираните рекле дека мислат дека Меркел ги извршува своите должности подобро од актуелниот канцелар, социјалдемократот Олаф Шолц, додека 41 отсто го мислат спротивното. Civey анкетираше вкупно 5.003 луѓе на 24 ноември.