ПОВИК за доделување на финансиски средства за заедничка кампања за застапување

од Vladimir Zorba
82 прегледи

 Граѓанската асоцијација МОСТ, во партнерство со Институтот за мас медиуми, едукација и комуникации и во соработка со порталот Нова ТВ во рамките на проектот “Медиа платформа за застапување”, објавува повик за доделување грантови за спроведување на заеднички кампањи на граѓански организации и новинари.

Повикот е отворен за граѓански организации и новинари/медиуми кои работат во Скопскиот, Пелагонискиот, Југозападниот, Источниот и Југоисточниотпланскирегион.

Целта на повикот е да ги поттикне граѓанските организации и новинарите да работат заеднички на развој и спроведување на кампањи за застапување кои таргетираат прашања важни за локалните заедници, а се исто така и од важност за пристапувањето кон ЕУ.

Финансиската поддршка има за цел да ја поттикне соработката помеѓу граѓанските организации од една страна и новинарите/медиумите од друга страна, кои преку креираните партнерства и соработка треба да ги надградат своите капацитети и  да придонесат во развојот на истражувачкото новинарство во Република Македонија.Финансиската поддршка е во максимален износ од 3.000 ЕУР во денарска противвредност.

Средствата ќе бидат наменети за спроведување на кампањи за застапување во рамки на теми како што се: животна средина, социјално ранливи групи, родова еднаквост и еднакви можности, млади, земјоделство и сл. При оценувањето на апликациите, од клучна важност ќе биде важноста на темата за локалната заедница, како и актуелизирањето на проблем/прашање од национални размери.

Повикот е отворен за граѓански организации, како носители на акцијата, кои задолжително треба да аплицираат во партнерство со новинар/медиум. Организациите и новинарите/медиумите треба да работат во Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот плански регион.

Аплицирање и краен рок: Заинтересираните граѓански организации треба ја достават пополнетата апликација и другите документи наведени во повикот, до адресата на Граѓанската асоцијација МОСТ (Ванчо Мицков 18б, Скопје), не подоцна од 22ноември 2017 год. (16 ч.).

Сите информации во врска со повикот се објавени на www.most.org.mk.

Ова е вториот објавен повик во рамките на проектот. Покрај доделување на финансиски средства, проектот предвидуваше и спроведување на регионални обуки за застапување, а во рамките на истиот беше креирана и платформата www.getdata.mk.

Проектот„Медиа платформа за застапување“ е финансиран од Европската Унија, преку преку ИПА програмата за граѓанското општество и медиуми 2014.