Општина Охрид објави Јавен Повик за прибирање на идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро со што презема важна улога во уредувањето, но и во управувањето со крајбрежјето, согласно еко стандардите, Планот за управување со светско природно и културно наследство и според препораките на УНЕСКО.
-Основната цел е плажите да бидат јавни и слободни за користење, во функција на туризмот и да бидат уредени по желба на граѓаните. Ги повикувам сите архитекти и стручни лица од оваа област, да покажат интерес и да се вклучат во оваа мисија за креирање на нова слика на крајбрежјето, создавање на една нова понуда која ќе ги подобри условите за развој на туризмот и ќе овозможи зачувување на природните богатства,рече градоначалникот на Охрид Константин Георгиески .