Повик за протест до сите Албанци во петок против власта и против поттикнување етнички тензии

од desk3
94 прегледи

Движењето за реформи во ДПА, Здружението на поранешни политички затвореници и прогонети албанци во Македонија, Организацијата на воени ветерани на Ослободителната Народна Армија (OVL-UÇK) Граѓанското општество, Националнa Демократска Преродба (RDK) денеска испратија соопштение во кое се повикуваат сите албанци да излезат на протест в петок против нефункционирањето и на невладеењето на правото, партизацијата на институциите, заобиколувајќи го правото на целосна еднаквост на албанците и македонците и поттикнување етнички тензии.Според овие организации паролата на протестите ќе биде „Стоп на овој систем“.

flamuri-620x330
„Мулти-димензионалната криза што ја зафати земјата од нефункционирањето и на невладеењето на правото, партизацијата на институциите, заобиколувајќи го правото на целосна еднаквост на албанците и македонците, поттикнување етнички тензии, директно ја разнишаа основата на стабилноста и постоењето на правната држава.

Одлуката на Иванов за аболиција на македонските политичари и нивните слуги албанци кои го прекршиле законот, кои ја злоупотребиле својата службена должност, се инкриминирани во организиран криминал и корупција, претставува уште еден доказ дека во Македонија постојат двојни стандардни и дека албанците се третирани како граѓани од втор ред.

Наоѓајќи се во ваква ситуација, каде што политичкиот дијалог не дава надеж, каде на најбрутален начин се прекршуваат договорите потпишани со посредништво на меѓународната заедница, каде затворите се логор полн со невини албанци, каде што правото на целосна рамноправност на албанците бесрамно се продаде од страна на група политички слуги кои себеси се нарекуваат албанци, Не присилуваат нас како албанци, кои имаме совест и карактер, без хипотеки, да превземеме координирана акција за да го искажеме нашиот револт против овој систем што нè заробува, што не омаловажува и понижува, што не негираа и крши нашето право за целосна рамноправност.

Ги повикуваме сите албанци кои се спротиставуваат на ова владеење, кои се чуствуваат слободни, а не заробени, невладини организации, независни интелектуалци, политички партии и сите граѓани кои ја сакаат слободата, правдата, достоинството, напредокот во насока на градење перспектива и среќа, да и се приклучат на овој масовен протест, за да и кажеме СТОП НА ОВОЈ СИСТЕМ“-пишува во соопштението на Движењето за реформи во ДПА.