Повикани уште 21 лице на разговор во СВР Скопје за настанот во скопско Ченто

од Берта Китинска
299 прегледи

Во врска со настанот што се случи пред неколку дена во скопската населба Ченто досега од страна на СВР Скопје се поднесени кривични пријави за три лица, а дополнително од нивна страна е извршено идентификување и се повикани на разговор 21 лице кои учествувало во настанот и не ја почитувале мерката за забрана на движењето со што сториле кривично дело, информираат денеска од МВР.

– Во следниот период, а во насока на целосно расчистување на настанот Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со обезбедување на доказен материјал за останатите лица и по завршување на постапката за сите лица кои постапиле во спротивност со законот ќе бидат поднесени кривични пријави до Основното јавно обвинителство, се подвлекува во соопштението од МВР и се посочува дека неселективното пристапување е клучно за соодветно спроведување на законот од страна на полициските службеници.

Во таа насока, стои во соопштението, граѓаните треба да бидат уверени дека секој што постапува во спротивно со законот ќе биде соодветно санкциониран.

Слични содржини