Повисока стапка на смртност од коронавирусот кај Афроамериканците во САД

од Stefanija Kuzmanovska
155 прегледи

Според првичните податоци од Луизијана, Мичиген и Илиноис, повисоката стапка на смртност од коронавирусот во САД е меѓу Афроамериканците во споредба со целата американска популација.

Причината за ова, велат официјалните лица, е нееднаквоста во пристапот до здравствената заштита, но и хроничните здравствени проблеми.

Гувернерот на Лузијана, Џон Едвардс, рече дека повеќе од 70 проценти од 512 лица кои починале од вирусот во САД биле Афроамериканци, и тоа многу поголем процент него што црното население има удел во вкупната популација.

Исто така, Афроамериканците сочинуваат 14 проценти од популацијата во Мичиген, а процентот на смртност од коронавирус од вкупната популацијата е 40 проценти, пренесува Ројтерс.

Шефот на јавното здравство Џером Адамс изјави дека Афроамериканците имаат поголема веројатност да страдаат од срцеви заболувања, дијабетес и хипертензија, а тоасе најчестите хронични заболувања што ги прави поподложни на вирус.

Градоначалникот на Чикаго, Лори Лајтфут, презентираше информации на конференцијата кои исто така сведочат за расната нееднаквост.

Според податоците, 72 проценти од смртните случаи на коронавирусот во Чикаго се Афроамериканци, и покрај тоа што сочинуваат само една третина од населението во градот.

„Овие бројки одземаат здив. Тоа е повик за итна акција од сите нас“, рече таа.

Слични содржини