Повисоки каматни стапки на денарските депозити во Охридска

од desk3
85 прегледи

Охридска Банка Сосиете Женeрал ги зголеми каматните стапки на денарските депозити кои дополнително и прогресивно растат по периоди, односно на секои три или шест месеци, во зависност од времетраењето на орочувањето.

devalvacija-denar-PARI-BANK

Како што информираат од банката, клиентите, кои ќе се одлучат за денарски депозит на 12 месеци, добиваат растечка каматна стапка на секои три месеци од 1 отсто во првото тромесечие до 3,50 отсто во последните три месеци. За денарски депозит на 24 месеци, висината на каматната стапка расте од 1,20 отсто во првите шест месеци до 4,25% во последните шест месеци.

Минималниот износ на влог изнесува 15.000 денари, а клиентот добива можност и за дополнителни вложувања до максимални 100.000 евра во денарска противвредност, при што условите за штедење не се менуваат./МИА