Повисоки продажни цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

од Nikola Popovski
209 прегледи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1.6 % на месечно ниво и пониски за 2.4 % на годишно ниво.

Во ноември 2023, во споредба со октомври 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Енергија за 0.5 %, Трајни производи за 0.5 % и Нетрајни производи за 3.2 %.

Во ноември 2023, во споредба со ноември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 11.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 7.9 % и Капитални производи за 6.9 %.

Слични содржини