Повисоки сметки за граѓаните: ЕСМ понуди поскапа струја за речиси 5%

Од ЕВН Хоум соопштија дека добиле само една понуда со цена која е 4,84% повисока од таа од претходниот тендер

од Nikola Popovski
8 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Телма

ЕСМ како единствен понудувач на тендерот на универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ понудил цена од 65 евра за мегават час, за 3 евра поскапо од онаа што важи во втората половина на годинава. ЕСМ за в година планира целосно да ги покрие бараните количества струја.

„За периодот јануари-декември 2026, ЕВН Хоум доби само една понуда и тоа од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 65 евра за мегават час, за покривање на 100% од вкупно планираните количества. Оваа цена е повисока за 4,84% од претходната која беше добиена на последниот тендер на универзалниот снабдувач (јуни-декември 2025), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 62 евра за мегават час“, соопштуваат од „ЕВН Хоум“.

Новиот тендер е распишан за цела година. Сега на потег е Регулаторната комисија за енергетика да ја направи пресметката.

Владата најавува дека струјата за домаќинствата и во 2026 година ќе остане субвенционирана, но истовремено отвора простор за мало поскапување од јануари, по новиот тендер за набавка на електрична енергија за регулираниот пазар.