Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) добиленотификација за увезени небезбедни кондиторски производи кои во својот состав содржат адитив со наод на пестицидот етилен оксид. Поради тоа повлечени се неколку сладоледи од македонскиот пазар.
-Од пазарот се повлекуваат и отповикуваат:
1. Сладолед KIT KAT стапче 20х90 мл
Сериски број/лот- PL1048
Рок на употреба: до 28.02.2023
Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Потекло : Франција
2.Сладолед Милка Ванила и Чоколадо Стапче 20х100 мл
Сериски број/лот:MI1118,MI1119
Рок на употреба: до 30.04.2023
Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Потекло : Полска
3. Сладолед Милка Чоколадно Стапче со лешник 20х100 мл
Сериски број/лот:MI1117
Рок на употреба: до 30.04.2023
Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Потекло : Полска
Увозник во РСМ:АЛМА М, информират од АХВ.
Според нив, горенаведените производи, во количина од 3 080 литри и 30 064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ, затекнати се во магацинот на увозникот.
-Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет. Потрошувачите кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски брј/лот, апелираме да не ги конзумираат и истите да ги вратат на местото од каде ги купиле, или нешетено да ги уништат, велат од АХВ.
Ова следува откако сладоледите „сникерс” и „твикс“, како и овошниот јогурт со рибизла на „Дукат” веќе не може да се купат во Црна Гора, БиХ и Србија. Повлечени се од маркетите по сомнежот дека во нив има остатоци од пестицидот.