Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се повлекува небезбеден производ, „БИО КАКАО“ во прав 200 гр, поради присуство на кадмиум над дозволените количини. Се повлекува уште еден производ чипс „ВИПА Грил“, кој бил достапен на пазарот и во него е детектирано присуство на акриламид.
Какаото не било пуштено во продажба, ниту дистрибуирано до крајните потрошувачи.
„Се работи за производ со сериски број/лот 23326, со датум на производство 23.08.2023 и рок на употреба 22.05.2025, произведен во Холандија. Какаото е увезено од „Смарт Органик“ Бугарија, а увозник во земјава е „ТИНЕКС – МТ ДООЕЛ“ Скопје“, потенцира АХВ.
Во однос на чипсот, АХВ информира дека е со сериски број/лот LM. Дистрибутер во Северна Македонија е „Аг-Сембол ДОО“ – Тетово, а оператор со хрaна ДТУ „КИППЕР МАРКЕТ“ ДОО Тетово.