Повредата на Рудигер ги „стресе“ Германците пред осминафиналето

од Vladimir Zorba
325 прегледи

Еден од најкласните и најзначајните играчи на германската репрезентација, Антонио Рудигер, има благо истегнување во задниот дел на бутот по крајот на мечот со Швајцарија (1:1) во третото коло од групите на ЕП 2024 година.

Дефанзивецот е под знак прашалник за претстојното осминафинале на Бундестимот и уште по завршувањето на средбата тренерот Јулијан Нагелсман објасни дека ситуацијата може да биде многу проблематична. Како што е познато, другиот стартен централен дефанзивец Јонатан Та е суспендиран поради акумулирани жолти картони.

Медицинскиот персонал на „панцирите“ ќе направи се за да го опорави Рудигер за осминафиналето на 29 јуни. Новинарот на Скај Германија, Кери Хау, изјави дека денеска има поголем оптимизам за состојбата на дефанзивецот.

Слични содржини