Повреден 19-годишник по синоќешното пукање во Чаир

од Nikola Popovski
215 прегледи

Едно лице е повредено во пукање што синоќа се случило во Чаир, во близина на супермаркетот „Веро“. Пукањето се случило на крстосницата на улиците „Џон Кенеди“ и „Цветан Димов“, а од огнено оружје е повредено лице со иницијали А. Б.

Според информациите повредениот е надвор од животна опасност. Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од МВР денеска излегоа со детали за престрелката:

„Утврдено е дека повреденото лице е А.Б. (19) од Скопје, кој во службен разговор со полициските службеници појаснил дека додека се движел пеш по ул. „Цветан Димов“, од возило излегол Б.Б. и пукал кон него со пиштол неколку пати. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило „пасат“.

Слични содржини