215
На 17.09.2022 во 13:30 часот во Полициската станица Гостивар бил задржан А.А.(31) од Гостивар.
Тој се сомничи дека околу 12:00 часот во фирма во село во мавровско, по претходна расправија, со остар предмет му нанел повреда на неговиот колега Е.З.(38) од Гостивар, кој бил пренесен во болницата „Ферид Мурад“ во Гостивар за укажување лекарска помош.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.