Повредени 12 лица во сообраќајки во Скопје, „пајакот“ кренал 81 возило

од Vladimir Zorba
113 прегледи

   Две лица биле потешко повредени во две од вкупно 11 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири незгоди со полесни повреди се здобиле 10 лица, а во пет била причинета материјална штета.

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Триесет и тројца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца биле исклучени од сообраќај поради возење под дејство на алкохол и 26 лица пред да се стекнат со право на управување на моторно возило. Санкционирани биле и 13 лица кои го управувале возилото со истечена важност на сообраќајната дозвола, едно лице управувало техничко неисправно возило, еден пешак поминал коловоз вон пешачки премин, тројца возачи поминале на крстосница на црвено светло, а еден возач се престроил неправилно. Затекнати биле 113 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 81 возило.

Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Кочо Рацин“ во Катланово.