259
Дваесет и двајца американски војници се повредени во хеликоптерска „несреќа“ во североисточна Сирија, соопшти американската војска, пренесува „Ројтерс“.
Во соопштението објавено доцна синоќа не се дадени повеќе детали за причините за инцидентот и за сериозноста на повредите на војниците.
Централната команда на американската армија соопшти дека 10 припадници на вооружените сили биле евакуирани во објекти на повисоко ниво надвор од регионот по несреќата во неделата.