Повредени членови на Хамас се лекуваат во Израел: Бесни граѓани упаднаа во болниците (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
778 прегледи

Околу 150 членови на екстремно десничарската група „La Familia“, која го поддржува фудбалскиот тим Беитар Ерусалим и има историја на расизам и насилство, упаднаа во израелската болница во Ашкелон, како и во медицинскиот центар Тел Хашомер во Тел Авив, откако дознаа дека таму се лекуваат ранети членови на Хамас.

Најмалку тројца терористи на Хамас се лекуваат во израелските болници, објави во средата израелскиот сајт Ynet, како што пренесе телевизијата i24NEWS. Токму тоа беше причината за реакцијата на навивачите.

Официјални лица во медицинскиот центар Барзилај во Ашкелон рекоа дека биле принудени да ги примат и побарале од властите да ги префрлат во затворен воен објект. Плашејќи се од линч, министерот за здравство нареди болничкото обезбедување да ги заштити вработените и да се подготви за можни немири на Израелците кои бараат одмазда.

Во исто време, министерот за здравство Моше Арбел побара од премиерот Бенјамин Нетанјаху да престане да прима терористи во државните болници.

„Известени сме за приемот на терористи во болниците во Израел и можноста тоа да предизвика немири. На болниците им треба итно засилување за да се избегнат немири“, изјави Арбел.

Во средата вечерта, членовите на „La Familia“ се обиделе да нападнат еден од терористите кој бил примен во болницата Тел Хашомер во Тел Авив.

Најмалку 1.200 луѓе се убиени, а повеќе од 3.000 се повредени во Израел од почетокот на терористичките напади во саботата. Бројки кои би можеле да продолжат да растат, со оглед на континуираните напади на Хамас и Хезболах на израелска територија.

Слични содржини