Повредени двајца Македонци во сообраќајка кај Лесковац

од Nikola Popovski
245 прегледи

Двајца македонски државјани се повредени во сообраќајната несреќа што утрово нешто по 8 часот се случила на автопатот кај селото Велика Биљаница кај Лесковац, потврдуваат од полицијата и од болницата во Лесковац.

Според информациите се работи за двајца Македонци од Струмица на возраст од 34 и од 39 години.

– Едниот има скршена патела на коленото, а другиот има видливи повреди на лицето. Во тек се снимањата и конечната дијагностика, но повредите не се опасни по живот, изјави заменик-директорот на болницата, Милан Петровиќ.

Според наводи на повредените, тие возеле комбе со странски регистарски ознаки во правец Белград – Скопје и не се сеќаваат како дошло до несреќата.

– Според сигурни информации, на повредените на помош им пристигнала екипа на брзата помош од Лесковац, а двајцата патници од смачканото комбе биле извлечени од страна на пожарникарите во Лесковац, наведува Југмедија.

Слични содржини