На магистралниот пат А-1, на делницата с.Удово-Демир Капија се случила сообраќајна незгода помеѓу влекач „Сканија“ со прилепски регистарски ознаки, со полуприколка „Кроне“, исто така, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.С. (61) од Прилеп, влекач „Сканија“ со кавадаречки регистарски ознаки, со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ. (22) од Кавадарци и ПМВ „БМВ“ со германска национална ознака управувано од И.С. (31) од Р.Германија.
Во незгодата со тешки телесни повреди (набиеници во пределот на главата и левото рамо, фрактура на ребра) се здобил возачот на патничкото возило И.С. и сопатничката од истото Н.Х.С. (63) од Република Германија (се здобила со повреди на главата со внатрешно крварење). Двајцата со возило на Итна медицинска помош се пренесени во КАРИЛ-Скопје за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Валандово, при што од 21.50 до 00.20 часот на 30.07.2016 година, сообраќајот бил во целосен прекин, а потоа до 03.20 часот се одвивал наизменично.