Повредени три жени откако „двојка“ на ЈСП за малку ќе се превртеше пред „Мавровка“

од Nikola Popovski
62 прегледи

Три жени се повредени денеска во сообраќајната несреќа, која се случи кај ТЦ „Мавровка“, откако автобус на ЈСП со број „2“ излета од коловозот и заврши во средишните жардиниери.

Од Итната медицинска помош соопштија дека пренеле три жени во Градската болница односно Клиниката „Свети Наум Охридски“.  Според нив, сите три биле со полесни телесни повреди, а едната од нив се жалела на болки во ногата.

На местото на сообраќајката е излезена полицијата, која врши увид, а повеќе детали најавуваат за подоцна.

Според она што може да се забележи, автобусот урнал дел од бетонската ограда. Евидентно е дека малку недостигало, „двојката“ целосно да се преврти на булеварот.

Сообраќајот на овој потег од градот се одвива со полициска асистенција. Засега не е познато како дошло до несреќата.

Слични содржини