Повредените патници ќе бидат префрлени во Скопје, вели Османи

од Берта Китинска
158 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи по посетата на болницата Пирогов во Софија изрази благодарност за брзата реакција на бугарските здравствени власти.

-Имаше брза реакција од страна на бугарските здравствени власти. Сите пациенти се навреме згрижени, дадена е прва медицинска помош, сите се стабилизирани. Очекуваме да останат ден-два за да можеме да ги префлриме после во Скопје, рече Османи.