427
Во синоќешното невреме во Скопје е повредено едно лице, а најголема штета е направена на кровот во средното хемиско училиште Марија Кири Склодовска и во Карпош.
Фото: Борче Поповски
– Најмногу штета со паднати кровови имаше во Карпош на потегот од мостот Обединети Нации до Скопје Сити Мол, но и тоа беше расчистено до 3.00 ласот изутрина. Колку што знам до сега е евидентирано само едно повредено лице, изјави денеска на прес конференција градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.