182
Едно машко лице вчеравечер е повредено пред угостителски објект на улицата „Миле Поп Јорданов“ во скопската населба Козле.
Лицето е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
– Според пријавеното, прво настанала расправија во угостителски објект помеѓу Б.Ѓ(44) од Скопје од една страна и К.Г., кој бил заедно со уште едно лице, од друга страна. Потоа, според пријавеното, расправијата продолжила надвор од објектот, при што К.Г. пукал со пиштол кон Б.Ѓ, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.