Повремени врнежи од дожд на планините снег

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со повремени врнежи од дожд, повторно на некои места повисоко и на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.

дозд

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од четири до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено до значително облачно со повремен дожд и со слаб североисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Во петок ќе преовладува променливо облачно и посвежо време.

Слични содржини