Поврзувањето на изјавите на Ордановски со политиките на СДСМ се очаен обид да ги скријат сопствените неуспеси – им порачаа од „Бихаќка“ на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
41 прегледи

Поврзувањето на изјавите на новинарот Ордановски со политиките на СДСМ во однос на прозападниот курс на државата се очаен обид да ги скријат сопствените неуспеси. Ова е уште една потврда дека освен манипулации, друга политика немаат да понудат, порачаа од СДСМ по критиките од најголемата владеачка партија.

Од „Бихаќка“ се децидни дека СДСМ е единствена партија која во континуитет ги негува прозападните вредности, која го изгради стратешкото партнерство со САД и ги реализираше евроинтегративните аспирации на земјата.

-Благодарение на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски може да одат и да се сликаат во НАТО и да глумат партнери на САД, а во опозиција направија се за да ги блокираат овие процеси, додаваат од партијата на Венко Филипче.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во кое го критикуваше новинарот Сашо Ордановски поради неговите напади кон новата американска администрација предводена од Доналд Трамп. Партијата на власт му замерува на Ордановски бидејќи го нарекол Трамп, како што пренесуваат,  „рекетар и неонацист кој лаже“. Го прашаа Филипче кој е неговиот став за ваквите навреди на Ордановски оти како што велат новинарот е близок до СДСМ.

-Зошто се толку возбудени и нервозни доскорешните апологети на СДСМ? Дали по примерот на Апасиев и Венко Филипче скршнува од прозападниот курс и смета дека американскиот претседател е неонацист и лажго, стои во партиското соопштение од „Белата палата“.

Вчера новинарот во дебатна емисија говореше дека „Трамп е идеолошки вљубен во Путин“.

-Теоријата на Путин која ја објаснуваше е суеверена демократија – теорија според која државата пред се, водителот на државата пред се, па се друго. Нема права. Тоа е добро познат модел и проучен од Американците и се работи за едно комплетно партизирање на институции, упад во судство, притисоци врз медиуми, ништење на Парламентот односно Конгресот. Практично претседателот на САД станува со кралски овластувања. Сега нам тој модел ни е познат бидејќи со него бевме соочени пред десетина година. Тој модел сега се случува во САД. Во него се знае дека Европа му пречи на Трамп бидејќи Европа е еден од главните глобални промотори на либералната демократија, рече Ордановски за моменталната ситуација во светот.

Слични содржини