Повторно дојави за бомби во повеќе училишта во Скопје

од Nikola Popovski
241 прегледи

Повторно закани за бомби во неколку училишта во Скопје. Според информациите, дојави за експлозивни направи има во гимназијата „Никола Карев“, средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“, средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ и уште неколку на територија на главниот град, дознава „Локално“ од загрижени родители.

Од почетокот на месецот има нови насоки кога се работи за ваквите дојави за бомби, односно тимовите на МВР да проверуваат и бидат сигурни дека се лажни, а наставата да продолжи.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека од кога се воведени новите протоколи за функционирање во услови на дојава за експлозивни направи, имало само две дојави.

Претходно, МОН им укажа на основните и средните училиштата во општините насоки и начини на користење  електронски адреси, да ја зајакнат контролата за влез/излез на училиштата, во деновите кога има заканувачка дојава, училиштето да организира учење на далечина (онлајн-настава) наместо целосен прекин (распуштање) на наставата.

Чекаме официјална потврда и повеќе детали од МВР за денешните закани.

Слични содржини