По свежината од последните неколку дена, повторно се очекува пораст на температурата во земјава. Следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 39 степени. Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 39 степени.