Хејли Бибер неодамна со својот сопруг Џастин Бибер присуствуваше на венчавка на нејзина пријателка.
Иако е позната како една од најстилските ѕвезди во Холивуд, Хејли овој пат со својот избор предизвика вистинска бура на социјалните мрежи и започна бројни контроверзии.
Имено, таа за оваа прилика се одлучи за долг, бел фустан со отворен грб и долги ракави. Хејли објави слики од овој аутфит на својот Инстаграм профил, по што почнаа да се слеваат не толку позитивни коментари, а целата дискусија потоа беше префрлена на Твитер.
Она што ги поттикна коментарите е бојата на фустанот на Хејли. Според некои правила и бонтон, на венчавки не е соодветно да се појавиш во бело, бидејќи тоа е бојата по која треба да се препознае невестата.
„Дали сум само јас или овој фустан е прилично бел?“, „Да се носи оваа боја на туѓа свадба е непочитување кон невестата“, „Нема потреба од ова на туѓа свадба“, „Зошто би облекла вакво нешто?“, се дел од коментарите.